„Бидете добри кон луѓето и јадете повеќе сладолед…“

Алистер Макалфи е педијатар. Тој се грижи за тешко болни дечиња, за кои медицината за жал нема лек. Еве што му одговориле децата кога тој ги прашал: Што ги тера да го сакаат животот и која е неговата смисла? Еве што забележал докторот:

Прво: Никое од децата не се пожалило дека не гледа доволно телевизија. Никое од децата не барало да поминува многу време на facebook. Никоe од децата не посакало да се тепа со другите. Никое од децата не сакало да остане во болницата.

Многу од децата зборувале за своите миленици: „Го сакам Руфус, неговото лаење ме тера да се смеам”. „Сакам кога Џини се гушка во мене ноќно време.” „Бев најсреќен кога одев со Џејк на плажа”.

Децата многу често ги спомнуваат нивните родители и честопати изразуваат вознемиреност или загриженост за нив: „Се надевам дека мама е добра, ми изгледа тажна”. „Тато не мора да се грижи, наскоро ќе ме види.” „Бог ќе се грижи за мама и тато кога ќе си отидам.”

Сите дечиња сакаат сладолед!!!!

Сите сакаат книги или прераскажуваат приказни, што ги чуле од своите родители: „Хари Потер ме натера да се чувствувам храбар”. „Сакам приказни за всемирот”. „Сакам да бидам голем детектив како Шерлок Холмс.”  Луѓе, читајте им книги на вашите деца! Тие го обожаваат тоа.

Децата се воодушевени од своите другарчиња: „Моите вистински пријатели не се шегуваа со мене, кога падна мојата коса”. „Џејн дојде да ме посети по операцијата и дури не ја забележа лузната!”

Голем дел од нив ги сакаат пливањето и плажата: „Направив голем песочен замок!”

Сите мислат дека добрината кај другите е највредната од сите доблести: „Баба е толку добра, секогаш ме тера да се насмеам”. „Џони ми даде половина од неговиот сендвич, кога не можев да јадам, тоа беше убаво од негова страна”. „Ми се допаѓа кога мојата сестра е тука, кога таа е тука не ме боли ништо”.

Сите дечиња ги сакаат луѓето кои ги тераат да се смеат: „Овој волшебник е толку смешен!” Неговите пантолони паднаа и не можев да престанам да се смеам! ” „Тато прави смешни фаци кои ги обожавам!” „Момчето од соседниот кревет прдна, многу се смеев”. Смеата ја ублажува болката.

Децата ги сакаат своите играчки и суперхерои: „Најмногу ја сакам мојата кукла принцеза Софија”. „Го сакам Бетмен (сите момчиња го сакаат Бетмен).” „Си го сакам мојот Вини Пу”.

И конечно – сите го ценат времето поминато со нивното семејство. Ништо не е поважно од ова: „Мама и тато се најдобри!” „Сестра ми секогаш ме гушка  силно”. „Никој не ме сака повеќе од мама!”

Значи земете ја оваа порака за дома: Бидете добри кон другите. Прочитајте повеќе книги. Забавувајте се. Прошетајте на плажа. Гушнете го вашето куче. Сакајте. Ова се работите кои би сакале децата да ги направат почесто. Останатото се детали.

И да, јадете повеќе сладолед.



Слични Објави