| |

ПРАТЕНИКОТ ДИМИТАР СТЕВАНАНЏИЈА ВО 2014-2015 Г. НАПЛАТИЛ 23.000€ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ, ИАКО ПОСЕДУВА СТАН ВО СКОПЈЕ

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стевананџија во 2014 и 2015 година по основ на патни трошоци од Собранието наплатил 1.382.080 денари односно приближно 23.000 евра.

Тоа се случува и покрај фактот дека Стевананџија во 2014 година станува сопственик на стан во Скопје на улица Васил Ѓоргов бр. 9/2-11 со вкупна површина од 50 м2 и вредност од 2.745.000 денари.

Иако согласно Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер најдоцна 30 дена од денот на изборот или именувањето треба да пополни анкетен лист со детален попис на недвижниот имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова или во сопственост на членовите на неговото семејство, Стевананџија НЕ го пријавил станот во својот Анкетен лист поднесен по стапувањето на функцијата пратеник во 2014 година.

Иако поседува стан во Скопје уште од 2014 година, Стевананџија продолжил да наплатува патни трошоци од буџетот на граѓаните и Собранието. За спомнатиот период од 2 години сумата изнесува 23.000 евра.

Во својот имотен лист, Стевананџија пријавил и нова куќа со површина од 230 м2 со 627 м2 и 48 м2 во Прилеп, стекната во 2016 година со вредност од 2.000.000 денари.

Го прашуваме јавно Димитар Стевананџија како за 2 години успеал да купи стан во Скопје и куќа во Прилеп со вкупна вредност од 4.745.000 денари односно 77.340 евра? Како само од пратеничка плата? И зошто Стевананџија наплатувал патни трошоци иако поседува стан во Скопје? Граѓаните чекаат одговор.

Извор: Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ



Слични Објави