Одбележуваме 57 години од смртта на големиот бугарски револуционер од Македонија Коце Ципушев
На 11-ти јануари 1968 г. во Софија умира големиот бугарски револуционер Коце Ципушев.
Коце Ципушев e роден на 17-ти април 1877 г. во Радовиш. Завршил Бугарската машка гимназија во Солун. Се оженил за Екатерина Александрова, сестра на Тодор Александров, како кум му е Гоце Делчев, а Даме Груев му е крстник. Студирал хемија на Софискиот универзитет, а потоа го продолжил образованието во Женева. Бил учител во Костур и во Бугарското педагошко училиште во Скопје. Лежел в затвор во Битола и во Скопје. Во текот на Првата светска војна е претседател на Окружната постојана комисија на новоослободениот Струмички округ. После крајот на војната е затворен од англиските окупациони војски, предаден на српските власти, кои што после измачувања го осудуваат на смрт, заменето покасно со 20 годишна пресуда. Излегува од затворот во 1937 г. Се враќа во Македонија во 1941 г. каде што е пресретнат радосно од месното население. Бил кмет на Подареш, радовишко. После комунистичкиот преврат од 9-ти септември 1944 г. предложено му е од новите власти да соработува при македонизацијата на населението во Пиринско, но тој категорично откажува. Заради отказот тој е репресиран од комунистите.
“Еднаш неколку другари го прашавме: „А бе, Гоце, зошто ние се бориме за автономија на Македонија и Одринско, кога подобро ќе биде да се бориме за ослободувањето и обединувањето со мајката татковина”? Тогаш Гоце ни одговори: „Другари, не гледата ли дека сега не сме робови на распаднатата веќе турска држава, а сме робови на европските велики сили, пред кои Турција потпиша своја полна капитулација во Берлин. Затоа треба да се бориме за автономија на Македонија и Одринско, за да ги запазиме во нивната целост, како една етапа за нивното идно присоединување кон општата Бугарска татковина”. — Тоа беше јасната и точна проценка на Гоце за борбата на ВМРО. Покасно, големиот вожд на ВМРО, Тодор Александров, ја разбираше нашата борба по истиот начин — дека автономијата на Македонија е само етапа за присоединување кон мајката-татковина.“
19 ГОДИНИ ВО СРБСКИТЕ ЗАТВОРИ, Битола, 2020 г.
“Даме и Гоце, кои што се дополнуваа во една ретка хармонична комбинација, положија големи напори за развој на конспиративната организација на целото Бугарско население во Македонија, зад прикритието на една, наизглед, легална дејност. Во кусо време, таа сеобшта организација за идното големо востание ги опфати сите сталежи, сите здрави Бугари, во сите населени места на Македонија и Одринско. Даме Груев и Гоце Делчев беа вистински равноапостоли на великата борба, кои што се дополнуваа така нераскинливо, така што не можам да си ги представам разделени. Не би можело да се повлечи црта на првенство помеѓу нив, како што не би можело да се разграничува нивното заедничко дело. Тие беа први меѓу најпрвите. Големи беа и другите водачи на светото дело, кои што се издигаа високо, во својата преданост, во своето чувство за долг кон Бугарскиот народ и во својата непоколеблива волја за борба. И ако организацијата се претвори во стихијна сила, ако комитските чети беа вечно ударни одреди низ Македонските планини што бродат, кои што го бодрат Бугарското население и презедоа молскавични дејства против турската власт, тоа се должеше на еден сенароден подем, не само внатре во Македонија, но и во слободното Бугарско Кнежество.“
