| |

Село Крупник го одбележа својот храмов празник Свети Архангел Михаил

Вчера мирјаните во најголемото село во општина Симитли Крупник го одбележаа празникот Свети Архангел Михаил, според новојулианскиот календар. Свети Архангел Михаил е покровител на селото, а името на Архангелот го носи и храмот изграден во 30-тите години на минатиот век.

За празникот, десетици верници беа присутни на утринската литургија во црквата „Свети Архангел Михаил“ во село Крупник и се помолија за здравје и бериќет. Литургијата ја предводеа отец Величко, отец Бисер и отец Велизар.

Свеќи за здравје запалија и градоначалникот на општина Симитли Апостол Апостолов и кметот на село Крупник Александар Равначки.

Историските податоци укажуваат дека црквата „Свети Архангел Михаил“ во селото Крупник била осветена на 21 ноември 1935 година од страна на митрополитот Борис Неврокопски. Иконите и фреските се од 1935 година и се дело на мајсторите од банско-разлошката школа.

Традиционално за празникот се врши водосвет и се раздава курбан за здравје на сите жители на селото.

Фотографии од одбележувањето на празникот можете да видите на следните линкови овде и овде.

Слични Објави