Одбележуваме 35 години од падот на Берлинскиот ѕид
Пред 35 години падна Берлинскиот ѕид. Со овoj настан, почнува рушењето на комунистичките системи во целиот источен блок, на кој му припаѓала и Бугарија, јавува БНР.
Берлинскиот ѕид е подигнат помеѓу Источен и Западен Берлин на 13 август 1961 година со одлука на владата на Германската Демократска Република.
На 9 ноември 1989 година, по состанокот на Централниот комитет на Германската обединета социјалистичка партија, биле прочитани новите правила за патување, регулирани со нов закон. Според нив, источногерманците можеле да патуваат надвор од ѕидот без да наведат зошто одат таму и без да докажуваат дали имаат роднини во Западна Германија.
За време на прес-конференцијата, новинар го праша секретарот за информации на партијата, Гунтер Шабовски, кога ќе стапат на сила промените што дозволуваат патување. Тој погрешно одговара: „Веднаш“.
Илјадници жители на Источен Берлин го слушаат ова и се упатуваат кон ѕидот за да почнат да го уриваат со чекани, за да поминат на другата страна.
Овој настан го менува целиот свет.
Во видео порака, германскиот канцелар Олаф Шолц ја опиша 35-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид како „победа на слободата“.
„Храброста, довербата и единството се исплатат. Не можеме да постигнеме ништо еден против друг, само заедно сме силни. Храбри граѓани есента 1989 година ја урнаа железната завеса, давајќи важен придонес за „обединета слободна и демократска Европа“, рече Шолц.