AБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ : КОГА СИ УСЛОВЕН МОРА ДА ДОЈДЕШ ДО РЕШЕНИЕ
Абдулади Вејсели во своето гостување на АЛФА ТВ изјави дека Македонија е условена земја и дека доколку сака да напредува, мора да го реши спорот со името. Според него Македонија ги исполнува условите за влез во ЕУ и НАТО многу пред останатите земји на Балканот, па и Латвија и Литванија, но единственото нешто која ја кочи интеграцијата на Македонија во евроатланските интеграции е името. Според него албанската заедница ќе даде силна поддршка на референдумот и смета дека мора да се зграпчи помалото зло. Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, а доколку постои друга алтернатива тоа некој мора да ја предложи и да биде општо прифатлива за сите.