#БОЈКОТИРАМ

//

Ги #бојкотирам сите јунаци од под Јорган планина.
Ги #бојкотирам сите оние хушкачи на тензии, кои се кријат како пичиња кога ќе се вжешти работата.
Ги #бојкотирам сите „фраери на батерии“, кои никад не изеле ќотек ради другар, ама се фалат на лево и десно „со какви мачиња биле“.
Ги #бојкотирам сите оние кои кренале, креваат или ќе кренат рака на послаб од нив, само за да си докажат дека се некаков „фактор“.
Ги #бојкотирам сите кои ради сите профит би ја продале и мајка си, па што остана за братот или соборецот.
Ги #бојкотирам сите кои немаат очи и уши за убавото.
Ги #бојкотирам сите ситни души.
Ги #бојкотирам сите што не го почитуваат дадениот збор.
Ги #бојкотирам сите со „големи усти“ и навреме наведнати глави.
Ги #бојкотирам сите што не знаат како се љуби и мрази со страст.
Ги #бојкотирам сите моралисти, што јадат трици за тоа кога комшивката од карши се прибрала дома, ама ги нема никакви да го осудат модриците по нејзиното лице.
Ги #бојкотирам сите „домаќини“ и „домаќинки“ што валканиците ги пикаат под тепих, а во јавност изиграваат пример.
Ги #бојкотирам сите полуписмени идиоти што сакаат да ме убедат дека секогаш се во право.
Ги #бојкотирам сите пасивни луѓе со големи претензии.
Ги #бојкотирам сите мрзливи трутови што чекаат уште од мама и тато.
Ги #бојкотирам сите што не знаат како да се однесуваат со дами.
Ги #бојкотирам сите што не знаат како да подадат рака за помош.
Ги #бојкотирам сите што мислат дека можат да ја потценат интелигенцијата на другиот.
Ги #бојкотирам сите што не знаат како да возвратат на добрина.
Ги #бојкотирам сите што мразат, заради самото мразење.
Ги #бојкотирам сите што немаат „јајца“ да кажат згрешив.

Ги #бојкотирам оти сакам да останам чист и да уживам во сите мои мани…



Автор: Батко Тане



Претходна статија

ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ НА ИСТОРИЈАТА

Следна статија

AБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ : КОГА СИ УСЛОВЕН МОРА ДА ДОЈДЕШ ДО РЕШЕНИЕ

Најново од Истакнато