| |

ФИЛИПЧЕ: ВРАБОТЕНИТЕ АНГАЖИРАНИ СО КОВИД – ПАЦИЕНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ НАГРАДА ПО 30.000 ДЕНАРИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека пред Нова годона околу 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со пациенти заболени од ковид-19 ќе добијат еднократна награда во износ од 30 илјади денари.

„Сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари, рече Филипче за време на посетата на Клиничката болница во Штип.

Одлуката на Владата да се наградат вработените во јавното здравство беше објавена во понеделникот на прес-конференцијата на која беше даден отчет пред јавноста за првите 100 дена од новиот кабинето на премиерот Зоран Заев.



Слични Објави