ВМРО-ДПМНЕ: СПАСОВСКИ НАМЕСТО ДА ДРЖИ БЛЕДИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НЕКА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ СО СЛАВЕЊЕТО ВО ШТИП

Министерот Оливер Спасовски наместо со формални апели нека премине на дела, велат од ВМОР-ДПМНЕ.

loading...

Според најголемата опозициска партија, прво треба да се расчисти случајот кога минатиот викенд партијата на Спасовски, како што велат, вадела заразени лица од корона да гласаат за Сашо Николовски на предвремените локални избори во Штип.

-Спасовски кога говори за дисциплина нека почне од Костадин Костадинов и техничкиот градоначалник за осум месеци Сашко Николов кои по изборите групно славеа во ресторан кој не треба да работи, а кој беше отворен само за функционерите на власта. Нема Спасовски кредибилитет да бара граѓаните да ги почитуваат мерките, а тој да биде првиот кој нема да ги почитува мерките за заштита од корона и да толерира беззаконие. Ваквите мерки на Спасовски повторно ќе доживеат фијаско зошто двојните аршини на власта се доказ за неподносливата ароганција на владата и поделба на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.



loading...