| |

Филмот „49.172“ и изложба во Лос Анџелес раскажуваат за спасувањето на бугарските Евреи

Во Лос Анџелес, беа претставени документарниот филм „49.172“ и изложбата „Евреите во бугарските земји“ од архивата на Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“. Филмот „49.172“ на режисерот Пламен Петков и продуцентот Атанас Колев ја следи драматичната приказна за спасувањето на бугарските Евреи, раскажана од живи сведоци на настаните. Во филмот се презентирани уникатни документи, филмски и аудио архиви. За снимањето на филмот, авторите користеле документи и фотографии од владини и приватни архиви во САД, Израел и Бугарија.

Настанот го организираше Генералниот конзулат на Бугарија во градот на ангелите по повод 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна и во спомен на жртвите од Холокаустот. Меѓу гостите беа генерални и почесни конзули, истакнати Бугари и претставници на локалната еврејска заедница. Потомците на спасените бугарски Евреи ги раскажуваат потресните приказни на нивните роднини.

Генералниот конзул на Бугарија, Бојко Христов, ја истакна храброста и високиот морал на бугарскиот народ, што го овозможило чудото да се случи во едно од најтемните времиња на човечката историја.

Настанот се одржа во една од синагогите во Беверли Хилс – SephardicTempleTiferethIsrael. Генералниот конзулат на Бугарија во Лос Анџелес планира повеќе настани до крајот на годината, посветени на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи во Втората светска војна.



Слични Објави