Филмот
Пишува: Силвија Авдала, новинарка, Израел
По вагонот – главната поставка на Музејот на Холокаустот во Скопје, има уште една, која е дизајнирана да ја наговести идејата за бугарскиот транспорт на депортираните Евреи. Станува збор за документарен филм прикажан во изложбата на три паралелни екрани и за кој се вели дека ги доловил незаборавните настани од 1943 година.
Ситуацијата со овој чуден филмски производ би била комична како и со вагонот, доколку во приказната не се вклучила бугарската тоталитарна држава – поточно нејзиниот најрепресивен орган- Државната безбедност.


Кога во 1967 година во Франкфурт на Мајна започнал судскиот процес „Бекерле“ против поранешниот германски амбасадор во Софија, во Централниот комитет на БКП било објавено циркуларно писмо со следниот текст: „Другари, Бекерле е обвинет за депортацијата на Евреите од Македонија и Беломорието, припоени кон Бугарија за време на Втората светска војна. Во обвинението има низа точки кои не се во интерес на нашата држава. Обвинението се однесува на официјалната преписка меѓу Бугарија и Германија, каде што „спасувањето“ на Евреите од старите предели му се припишува на царпт Борис. Ова не треба да се дозволи. Според нас, има доволно материјали, за да ја искористиме оваа трибина, за да ја шириме нашата вистина – дека тоа е резултат на борбата на Бугарската комунистичка партија и бугарскиот народ против фашизмот и царот Борис“. Брзо биле донесени одлуки Бугарија да учествува како солидарен тужител, да испрати документи, а подоцна и филм, за кој тврди дека е од 1943 година, но прво требало филмот да се синхронизира на германски. А филмот се викал „Депортирање на Евреите од Беломорието“.
Во текот на судењето, Судот во Франкфурт го отфрлил сведочењето на заедничките тужители, биле отфрлени и приложените документи – бидејќи Бугарија одбила да ги даде оригиналните документи за испитување. За филмот, судот се согласува да се прикаже во судница, но без звук бидејќи наративниот текст е манипулативен. Одбраната се спротивставила дека за време на монтажата на филмот биле вметнати документарни снимки од други настани – на пример заедничко отворање на изложба на германски индустриски предмети од страна Бекерле и цар Борис во 1942 година, во истиот филм е прикажан и министерот Добри Божилов како пишува во книгата со впечатоци од истата изложба и тнт. Во салата не се ни споменува дека, ако возот во филмот е тој со кој бугарските власти ги превезувале Евреите од Бело Море, тој не може да има такви параметри.


Затоа што тогаш во делот меѓу Драма и Симитли има само тесен колосек /растојание од пруга до шина 60 см. и мали вагони кои можат да примат приближно 20 луѓе/. Другото што не се коментира е логото – знакот БДЖ чудно стои на фасадата на вагоните, без да се запази стандардот на бугарските железници, на попречни и дијагонални оски, што е практично невозможно дури и со класичниот метод – шаблон и валјак. Она што исто така не се коментира е дека на снимката се гледа обидот да се избришат натписите Дојче Рајхсбан и Хановер. Желбата на судијата да го сослуша снимателот кој го снимил предметниот филм се покажува како невозможна – бугарските власти тврдат дека тој е мртов, но можат да го испратат неговиот колега кој го познавал – Васил Халиолчев.
Монтажата вклучува и кадри од фондацијата „Бугарско дело“, која ги продуцирала кинопроекциите во Царство Бугарија. Во средината на 1943 година камерите на фондацијата снимиле документарен филм во Горна Џумаја по повод 40-годишнината од Илинденско-Преображенското востание, а покрај нивниот сегашен проект снимиле и огромна група Евреи, натоварени со багаж, кои одат низ градот во правец на тутунските магацини. Никој од камерманите, меѓутоа, не се качува во возот за Лом, ниту пак снима на пристаништето, а такви кадри се вклучени во филмот.


Барбара Бартлет, вработена во Бундесархив – Берлин, тврди дека делови од истиот филм се појавиле во раните 1960-ти во амбасадата на ГДР во Атина – продадени од Димитриос Мегалидис и користени истата година во советски документарен филм за грчкиот антифашист Манолис Глезос. На копијата испратена за случајот „Бекерле“ нема информации за продуцент, сценарист, режисер, автор на наративниот дел и најавувач. 9-минутната филмска турли тава е склопена од материјали кои имаат минимум 7 извори, но неговиот автор останува анонимен до крај.
Копијата, која се враќа во Бугарија, станува дел од имотот на Националната кинотека, но никој таму нема ниту негатив од монтажата, ниту официјални податоци за тоа кога и како филмот се појавил таму. Од друга страна, тоа е и основата за филмот на Хаим Оливер „Ешалони на смртта“. Касетите со анонимната лента се великодушно дистрибуирани – до музеите на холокаустот во Скопје, Берлин и Вашингтон. Примерок од истиот филм, исто така, беше предаден од претседателот Желев во Ерусалим во декември 1993 година.
Професорката од Франција Надеж Рагару, популарна по своите екстремно левичарски ставови тврди во својата книга „И бугарските Евреи беа спасени…“ дека во последните години филмот веќе не е дел од изложбата на Музејот на Холокаустот во Скопје. Сепак, истиот редовно се прикажува при посети на државни делегации, претставници на меѓународни организации и туристички групи од Израел. Не поради друга причина, туку можеби затоа што е во апсолутен унисон со содржината на изложбата, која ако има претензии дека е вистински музеј – не би требало да содржи фалсификати.