КАРАЏОВСКИ: СЕ НАОЃАМЕ ВО КРИТИЧНА ФАЗА, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

//

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во интервју за МРТ изјави дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.

„Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни. Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани. Моментално, ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите.Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките“ –изјави Караџовски во интервјуто за МРТ.

Караџовски, додава дека најголем дел од заболените доцна доаѓаат на клиника, а, како што рече, десетина случаи починале на пат, влез или при самата хоспитализација на Инфективните одделенија.



Претходна статија

КОВАЧЕВ: НЕ САКАМЕ НАШИТЕ ПОТОМЦИ ДА СЕ МРАЗАТ СО ПОТОМЦИТЕ НА ЗАЕВ ЗАРАДИ РАЗЛИЧНИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ

Следна статија

ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ САКААТ ДА КОРИСТАТ АВИОУСЛУГИ

Најново од Вести