Марш на ангелите во Кочани
Во Кочани денеска ќе се одржи 21-от Марш на ангелите, на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Протестниот марш ќе започне од 17 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, време кое симболично ја претставува задоцнетата институционална реакција.
Семејствата и пријателите на настраданите маршираат за правда за своите деца, а крајот на рутата ќе заврши пред зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани.
