ФИНСКА ГИ СУСПЕНДИРА ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ, ПРИСТИГНАЛЕ УШТЕ 17 ЗАРАЗЕНИ ПАТНИЦИ

//

Финска ги суспендира летовите од земјава до 29 август, откако уште 17 патници заразени со коронавирус пристигнале со лет на „Визер“ од Скопје во Турку во вторникот.

Како што истакнаа финските власти, тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот, и сите се ставени во карантин, пренесе „Хелсинки тајмс“.

Досега на последните четири лета од Скопје до Турку се регистрирани 60 случаи на коронавирус. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, на вториот на 11 август пет, а на 18 август уште 12.

Најголем дел од патниците во четирите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска. Сепак, финските власти ја ставија Северна Македонија на листата на високоризични земји.



Комисијата за заразни болести вчера предложи PCR-тест за граѓаните од Косово кои транзитираат низ Македонија.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЏАФЕРИ ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Следна статија

НОВАТА ВЛАДА ЌЕ ИМА 7 МИНИСТЕРСТВА ПОМАЛКУ

Најново од Вести