|

Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка

Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во одбраната, соопшти финското Министерство за одбрана.

Двете земји се согласија да ја продлабочат одбранбената соработка, вклучително и во однос на вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од околу 200 милиони евра, вклучувајќи артилериска муниција.



Слични Објави