| |

Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени

Финските власти поставија систем на двојни засилени огради на границата со Русија, по кои сите гранични премини останаа затворени, објави порталот Иле, повикувајќи се на потполковник Јуко Лукари, заменик командант на граничната стража на југоисточна Финска.

„Во моментов граничните премини се затворени. Поставени се бариери и на државната граница и во внатрешноста. Доколку пристигнат луѓе, ќе ги насочиме до каде можат легално да влезат во Финска“, рече тој, пренесе ТАСС.

Лукари изјави дека доколку луѓето се приближат до границата од руска страна, финските граничари „ќе им го покажат патот“, но доколку се „во особено ранлива позиција“, ќе бидат подготвени „да ја извршат својата должност и да се грижат за нивно пренесување на финска страна“.

Слични Објави