Фирмите ќе добиваат по 4.000 евра за вработување млади до 29 години
Министрите на вчерашната седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање нови работни места“.
Станува збор за проект што се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти што сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица што сакаат да го решат своето вработување.