ФОКУС: СЕДУМДЕСЕТ ОТСТО ОД БУГАРИТЕ САКААТ МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Бугарите ја поддржуваат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија и сметаат дека нивната земја има интерес тие да станат дел од европското семејство, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот „Тренд“, изработено по нарачка на „24 часа“.
Шеесет отсто од Бугарите го поддржуваат приемот на земјите од Западен Балкан во Европската унија. Само 16 отсто имаат спротивно мислење. Околу една четртина пак немаат мислење или не можат да дадат оценка.
Најсилна поддршка Бугарите даваат за приемот на Македонија и Србија. Седумдесет отсто од анкетираните го поддржуваат влезот на Македонија во ЕУ, додека 67 отсто го поддржуваат приемот на Србија, при што оваа висока поддршка се должи на заедничките корени на трите земји во однос на културолошка и религиозна смисла… Целата содржина на написот можете да ја прочитате овде.
Извор: Фокус