Фон дер Лаен: Русија е најдиректната закана за меѓународниот поредок
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека Русија е најдиректната закана за меѓународниот поредок поради нејзината варварска војна во Украина.
По разговорите во Токио со јапонскиот премиер, таа го спомена и загрижувачкиот пакт на Русија со Кина.
Заедно со Фон дер Лаен, на самитот во Јапонија присуствуваше и Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.
– Руската инвазија на Украина не е прашање само на Европа, туку го тресе јадрото на меѓународниот поредок, вклучително и Азија. Тоа не смее да се толерира – изјави јапонскиот премиер Кишида.
Извор: Темите