Фон дер Лајен: Бугарија и Романија се подготвени за Шенген
„Комисијата е сигурна дека Романија и Бугарија се подготвени за Шенген“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавува БГНЕС.
„Комисијата е сигурна дека Романија и Бугарија се подготвени за Шенген. Има дополнителни проекти на ЕУ за зајакнување на границата во двете земји. Длабоко сум убедена и можете да сметате на нас дека границите се зајакнуваат и преговараме со Австрија, бидејќи Бугарија и Романија заслужуваат целосно да бидат во Шенген“, рече таа на прес-конференцијата на европскиот самит за помош на Украина во Брисел.
