Фон дер Лајен од Варна: Европа цврсто стои зад Бугарија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со бугарскиот премиер Румен Радев во Варна, порача дека Европа цврсто стои зад Бугарија и дека Европската унија ја зајакнува својата улога во обезбедувањето на безбедноста во Црното Море, јавува БНТ.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Фон дер Лајен ја нагласи потребата од зајакнување на поморскиот надзор, заштита на критичната инфраструктура и обезбедување слободна пловидба во регионот.
„Овде во Варна, на брегот на Црното Море, сакам да испратам јасна порака: Европа цврсто стои зад Бугарија. Ја зајакнуваме нашата улога. За да го подобриме поморскиот надзор. Да ја заштитиме критичната инфраструктура. И да помогнеме во обновувањето и заштитата на слободата на пловидба во Црното Море“, напиша Фон дер Лајен.
