|

Фон дер Лајен: Викендов ќе биде потпишан договор за гонење на Русија за воени злосторства

На конференција во западниот украински град Лавов овој викенд ќе биде потпишан договор за формирање нов Меѓународен центар за гонење на кривични дела од агресија (ИЦПА), соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Договорот ќе служи за обезбедување докази за идните правни постапки.

„Русија и претседателот Владимир Путин мора да одговараат за ужасните злосторства против Украина. Познато е дека руските сили извршиле тортура, злоставување, сексуално насилство и егзекуции. Ниту децата не биле поштедени. Мора да направиме се што е во наша моќ за да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата, рече Фон дер Лејен.



Слични Објави