Фондациja „Бугарска памет“ и Здржението за македонско-бугарско пријателство- Битола со заеднички проект за превенциja на говорот на омраза
Во периодот од 20 до 26 ти октомври фондација ,,Бугарска памет” во партнерство со здружението ,, За македонско бугарско пријателство” Битола, ќе реализираат настан по проект на тема ,,Вештини за превенција на радикализацијата и говорот на омраза”. Проектот се кофинансира по програма ,,Еразмус + , КД1”.
Проектот е насочен кон младите луѓе на возраст од 15-24 години во Република Бугарија и во РС Македонија. Неговата основна цел е преку методологијата на неформалното образование да го охрабри развојот на голем број вештини и компетенции кај младите учесници.
Реализацијата на иницијативата ќе допринесе за развојот на вештини за меѓукултурно разбирање, за премостување на застарените стереотипи, ксенофобијата и религиозните предрасуди , во однос на други нации и за изградба на чувството за солидарност и соработка, за создавање можности, за споделување на добрите практики и идни проекти на 20 младенци и нивните лидери”, стои во соопштението на фондацијата ,, Бугарска памет”.
