| |

Фондација „Единство“ со важна информација за кандидат студентите што сакаат да студираат во Бугарија

Министерството за образование и наука на Република Бугарија организира трет бесплатен online курс за подготовка за кандидат студентските испити по бугарски јазик, литература, и историја на Бугарија за прием во бугарските државни високообразовни институции за 2024/2025 година , според одлуките на бугарската Влада број 103/1993 и број 228/ 1997, јавува Фондација ,, Единство” од Кочани.

Подготовката ќе се спроведе од предавачи од Бугарската академија на науки. Почетниот датум е втори април а програмата ќе трае 26 дена.
,,Сите кандидат студенти што се заинтересирани да се пријават, можат да го направат тоа до 27 март 2024 година на следните начини:
Преку email на фондација ,, Единство” Кочани, на следната email адреса [email protected] или преку Viber на телефонскиот број +38978838254 .
Пример за начин на пријавување:
Име и презиме: Марија Петковска
Телефонски број: 070 000000
Email за контакт: [email protected]”, јавуваат од фондација ,, Единство” Кочани.

Слични Објави