ФОРУМ „ЕТНОЛОШКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТЕОРИЈАТА И ПРАКСАТА“

Форум насловен „Етнолошкото културно наследство во Македонија меѓу теоријата и праксата“, ќе се одржи денеска во просториите на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија во Скопје …

Форумот е финансиран од Министерството за култура. На оваа тема планирани се три предавања, а поканети се предавачите д-р Даворин Трпески, вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) и претседател на организацијата „Синиот штит“, м-р Гордан Николов, етнолог и директор на Музеј на Македонија и д-р Љупчо Ристески, редовен професор на ИЕА.