Свечено одбележување на 107 години од Добричката епопеја и 83 години од потпишувањето на Договорот од Крајова
Добрич денеска свечено ја прославува 107-годишнината од Добричката епопеја и 83 години од потпишувањето на Договорот од Крајова, според кој Јужна Добруџа е вратена како територија на Бугарија од страна на Романија, јавува БГНЕС.
Планирани се настани низ целиот регион, почнувајќи со панихида и положување цвеќе на Воените гробишта во Добрич, каде што се погребани повеќе од 3.000 војници од седум националности и четири вери.
Битката кај Добрич, која се одвива од 5 до 7 септември 1916 година се случила за време на Првата светска војна. Во таа битка, единиците на III бугарска армија го одбиваат напредувањето на романските и руските трупи и со својата победа придонесуваат за ослободување на Јужна Добруџа.
„7 септември е денот кога легендарниот ген. Иван Колев одржа победа и го спаси Добрич од освојување, истакна Живко Марков од Регионалниот историски музеј во градот.
Прославата ќе започне со панихида на Воените гробишта, а ќе продолжат со положување цвеќе на споменикот на ген. Иван Колев во Добрич и панахида за загинатите од VI Бдинска дивизија кај селото Козлодујци.