(Фото) Balkan music dance workshop на Низо Алимов со концерт на отворено во центарот на Скопje

Во понеделник 25 октомври, на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, со почеток од 14 часот, ќе се одржи концерт на учесниците во проектот „Низо Алимов Balkan music workshop“.
Раководител на проектот е познатиот штипски мулти инструменталист Низо Алимов, којшто работи како предавач на балканска музика во EЕFC во САД.

Учесници во концертот ќе бидат Balkan lab Orchestra од Италија со раководител Федерико Паскучи.
Во моментот воркшопот во реализација на Низо Алимов е во тек и учесниците во него ќе покажат што научиле во концертот што ќе се одржи во главниот град на нашата земја. Тие ќе настапат и во Штип, каде што со почеток од 22 часот во локалот Scena ќе имаат свој уметнички перформанс.


Balkan music dance workshop од 2019 година се занимава со обука на студенти музичари од странство кои се заинтересирани за балканската традиционална музика. Во тимот на Низо Алимов се: Серчук Алимов-труба, Давид Мамудов-виолина и Берген Алимова- танц.

Ова не е прв пат талентираниот музичар од Штип да врши обука на странски студенти музичари. Минатата година дури 35 студенти од Америка престојуваа во Штип каде што ги изучуваа тајните на балканската традиционална музика под менторството на музичарот композитор и аранжер Низо Алимов.

Во 2022 г. Алимов ќе биде ангажиран со проекти во Канада и Мексико.Повеќе информација за активностите и проектите на талентираниот музички уметник од Штип можете да најдете на неговата веб страна.



Слични Објави