| | |

(Фото) Борецот против „бугаризацијата“ на Македонија Далибор Станковиќ, самиот сакал да се бугаризира

Бугарскиот дневен портал Actualno.com објави документи од кои станува јасно дека познатиот новинар од дневниот весник „Нова Македонија“, Далибор Станковиќ, поднел молба за бугарско државјанство и добил Уверение од тогашната Државна агенција за Бугарите во странство дека е со бугарско потекло.

Документите за добивање бугарско државјанство: Молба, уверение од поранешната ДАБЧ и декларацијата за бугарско потекло. ФОТО: Actualno.com

Далибор Станковиќ е познат по своите антибугарски позиции и е еден од најредовните автори кој со своите написи се обидува да ја претстави Бугарија како непријател на РС Македонија и го негира постоењето на бугарската заедница во земјата. Во своите материјали Станковиќ црта секогаш речиси една иста слика дека Бугарија е коренот на сите проблеми во регионот, дека Софија е виновна за лошите односи со РСМ и Србија и дека Бугарските барања кон Скопје се шантажа и агресија.

Освен што го негира постоењето на бугарската заедница во РСМ во своите материјали Станковиќ тврди дека освен во РСМ и во Албанија нема Бугари, а во земјата луѓето со бугарска самосвест никогаш не биле репресирани.

Интересно е да се напомене дека во напис објавен на 12 декември 2020 година со наслов „Господа се гледаме во Софија!“, Станковиќ самиот признава дека има бугарски пасош и е граѓанин на Бугарија.

Главниот уредник на порталот Трибуна, во свој напис со наслов „„Прагматизмот“ на Лозанчев и прагматизмот на еден Србин македонист со бугарски пасош“ објавен на 19.07.2022 г. го поздрави токму „прагматичниот“ потег на колегата Станковиќ.



Слични Објави