(Фото) Бугарска граматика за трети клас од 1909 г. на Солунската бугарска машка гимназија
„Бугарска граматика“ е учебник напишан од Димитар Мирчев роден во 1865 г. во Прилеп. Бил револуционер и учител во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (истата во којашто се школуваат речиси сите водачи на ВМОРО) и во Солунската девическа гимназија „Св Благовештение“. Бил учител во Трново, Битола, Сливен, Одрин. Бил член на Централниот комитет на Организацијата, осуден е на доживотна робија на грчкиот остров Лесбос.
Автор е на голем број учебници. За време на Балканската војна повторно е затворен од османските власти во Мала Азија. Умира во 1938 г. во бугарскиот град Вршец.
Граматиката е испечатана од книжарницата на познатиот преродбеник и книжар Коне Самарџиев од Прилеп. За време на Втората балканска војна книжарницата е запалена.


