ГДУ почнува со собирањето потписи за регистација

Иницијативниот одбор за основање на политичката партија Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) објави соопштение на својот официјален facebook профил, во врска со стартот на собирањето потписи потребни за основањето на партијата.
„Почитувани граѓани, за сите оние кои сакаат да ја дадат својата поддршка за иницијавата за формирање на нов политички субјект со граѓански концепт, а воедно сакаат да бидат и основачи на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, би сакале да Ве известиме за начинот и постапката за остварување на Вашето граѓанско право и давање на потпис.
Бидејќи има непотребни бирократски бариери воспоставени од претходните власти, дел од нашите поддржувачи се соочуваат со нелогичности и трошоци.
За таа цел, наши тимови ќе посетат повеќе места ширум Македонија за сите заинтересирани граѓани да ги добијат потребните информации.
За да станете основачи на „Граѓанско Демократска Унија“ – ГДУ, потребни се следните два документи:
1. Уверение за државјанство на РМ;
2. Изјава со Ваш потпис, заверена на нотар.

За повеќе информации слободно може да не контактирате на ФБ страната „Граѓанско Демократска Унија“ или на следниот и-мејл: [email protected]

Добредојдени се сите добронамерни граѓани на Република Македонија, заедно да се обединиме во една модерна, демократска политичка десница, која има за цел, да ја направи Република Македонија подобро место за живеење за нас и за идните поколенија“ – се вели во соопштението на Иницијативниот одбор за основање на ГДУ.