(Фото) Германската амбасада во Северна Македонија со најостра осуда за палењето на бугарските дипломатски возила пред бугарската амбасада
Германската амбасада во Северна Македонија најостро го осуди инцидентот со палењето на бугарските дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во земјата.

„Палењето на возила на бугарската Амбасада во Скопје е сериозен инцидент кој најостро го осудуваме. Насилството никогаш не е оправдано. Германската амбасада ја поздравува брзата реакција на македонските служби. Солидарни сме со нашите бугарски колеги“, стои во објавата на германската амбасада во Скопје објавена на социјалната мрежа Facebook.
