(Фото) Градоначалникот на Отава, го прогласи 24 мај 2024 г. за Ден на бугарското културно наследство во главниот град на Канада
Градоначалникот на Отава главниот град на Канада, Марк Сатклиф, со официјална прокламација го објави празникот 24-ти Мај 2024 година за Ден на бугарското културно наследство.

Во прокламацијата стои дека „во регионот на Отава , бугарската заедница е благородно посветена на промовирањето на образованието на бугарски јазик, книжевност, историја и традиција. Таа ги промовира и бугарските вредности и културни традиции пред останатиот дел од канадското општество. Со овој документ ние ја прокламираме нашата искрена прослава кон богатото културно наследство вклучено во бугарската азбука што е еден уникатен симбол на јазичната разноликост, и можеби оваа прокламација ќе инспирира обнова на посветеноста кон убавината и трајноста на бугарското јазично наследство. Поради тоа јас Марк Сатклиф, градоначалник на Отава го прогласувам 24 Мај 2024 година за ден на бугарското културно наследство во Отава“, стои во прокламацијата објавена од градоначалникот на главниот град на Канада , Отава.
