ФОТО: Кој им ги расипа забите на граѓаните?!
Вчера еден куп луѓе ја осудија насловната страна на весникот „Слободен печат“… ВМРОвците ги покажаа забите, ама тоа не беа нивните заби, туку забите на македонските граѓани. Тие заби се расипаа во последните 27 години. Упорно ги расипуваа и „плави“ и „црвени“.
Жената од насловната нема пари за нова вилица, затоа што парите отидоа кај стечајните директори, кај „нашите деца“ од црвената буржоазија и кај еден куп бизнисмени блиски до Управата. Нема пари народот за нови заби, ама има за курчење по кафеани на мамините и татини функционерски синчиња и ќеркички. Има и за градење и рушење на споменици и галии. Фирмите блиски до едните и другите си работат без проблем. Се е во ред, ама пари за заби нема. Па после се зафркаваме: Еве им ги забите на плебеите, кои 27 години си мислат дека политичарите работат нешто за граѓаните кои ги гласаат и ги вработуваат во законодавниот дом на РМ.
Сума сумарум не е важно колку заби останаа во устите на луѓето, кои ете немале среќа да се најдат на богатата државна трпеза, туку дали некој ќе понесе одговорност за мизеријата во која живеат обичните граѓани. И ќе ве молам не судете го Геро, тој е само еден Латас во друго пакување, најдете сила и осудете ги тие кои се директни виновници за расипаните заби на целата држава.

