| |

(Фото) Од архивата на Македонскиот научен институт во Софија

Македонскиот научен институт во Софија ни прикажува фотографија од својата архива. На архивската фотографија се наоѓаат од лево кон десно, се Никола Коларов – член на Македонскиот научен институт и директор на весникот „Цѣлокупна България“, кој излегувал во Вардарска Македонија меѓу мај 1941 и 6 септември 1944 година, и Спиро Ѓорев Китинчев, тогашен градоначалник на Скопје.

Никола Коларов и Спиро Китинчев

Фотографијата е направена за време на свечен настан во селото Драчево, во Скопско, во летото 1942 година. Таа била пронајдена пред неколку години во архивата на бугарскиот научник, фолклорист и публицист Коста Црнушанов од Прилеп, која денес се чува во Македонскиот научен институт.



Слични Објави