| |

ФОТО: ОСОМНИЧЕН МУ ИСПРАТИ НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Осомничен во предмет му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител.

Осомничениот вели дека случајот му го променил животот во погрешна конотација, но му била лекција за повеќе да внимава како реагира.

-Несекојдневно е да се запознае личност, особено од Вашата фела која што е максимално професионална, достапна за комуникација, грижлива со одредена доза на емоција, особено во овие (не)времиња или пак, поради ТВ екраните и социјалните мрежи имаме створено погрешна слика за правосудството и правниот систем, вели осомничениот во честитката.

Јавното обвинителство изминатат година постапило против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела.

-Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни. Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела. Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка, велат од ОЈО.

Слични Објави