(Фото) Ве поздрави Чичето!

На 18 септември 1943 г. во Скопје умира македонски револуционер и скопски околиски војвода Величко Велјанов (Чичето). Роден во 1874 година во скопското село Црешево. Во 1899 година влегува во ВМОРО. Велјанов како долгогодишен скопски околиски војвода води напорна борба со српската вооружена пропаганда во северна Македонија.

По Првата светска војна, Велјанов е уапсен од српските власти и е затворен во скопскиот затвор, но успева да избега и се вклучува во обновената на ВМРО. Од 1922 до 1934 година повторно е скопски окружен војвода. Во српските затвори умираат татко му и неговите две малолетни деца.

Велјанов учествува во убиството на Александар Стамболиски во 1923 година. По убиството на Александар Протоѓеров во 1928 година е на страната на Иван Михајлов .Во текот на Втората светска војна на Велјанов се преселил во Скопје, каде умира во 1943 година.



Војводите Крсто Лазаров (со двогледот) и Величко Велјанов-Чичето.

Претходна статија

( Фото ) Еве која е највисоката зграда на Балканот

Најново од Фото