(Фото) Жителите на битолско Кравари со навредливи пораки до Петков – „Крвави ви се рацете“

//

Бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева кои денеска се во посета на Битола на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“ и ќе промовираат владини проекти на таа држава и средба со бугарски здруженија на граѓани во земјава.

Жителите на битолско Кравари ги пречекаа со транспаренти со повеќе навредливи пораки.

„Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“… се само дел од пораките.





Претходна статија

Во Центар Жупа денеска ќе гласаат 57 болни и изнемоштени лица

Следна статија

Корнелија Нинова: Нема да дадеме согласност да започнат преговорите за влез во ЕУ на РСМ

Најново од Вести