|

Фотографијата од трудницата во Украина која го обиколи светот, победи на глобално натпреварување

Фотографијата на тешко бремена жена која е спасена од уништеното породилиште во украинскиот град Мариупол победи на престижниот меѓународен натпревар „World Press Photo“.

Украинскиот фотограф Евгениј Малолетка ја освои првата награда за фотографијата на која се гледа како повредена жена во тешка бременост ја носат на носилки од бомбардираното породилиште.

Трудницата беше снимена додека спасувачите ја носат на носилки низ урнатините до возило на Итната медицинска помош додека таа го гали својот крвав труднички стомак.

Жената била итно пренесена во друга болница, но поблиску до линијата на фронтот, каде лекарите се труделе да ја одржат во живот. Сфаќајќи дека го губи своето бебе, таа им рекла на лекарите „Убијте ме веднаш!“.

Хирургот Тимур Марин открил дека карлицата на жената ѝ била смачкана и ѝ бил изместен колкот. Лекарите го породиле бебето со царски рез, но тоа не покажувало знаци на живот. По половина час реанимација, починале и мајката и бебето.



Слични Објави