|

Франција има нов премиер: Габријел Атал стана најмладиот шеф на влада во историјата на земјата

Габријел Атал е назначен за нов премиер на Франција.
Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше 34-годишниот министер за образование Габријел Атал за премиер, пренесоа француските медиуми.

Тој на таа функција ќе ја наследи Елизабет Борн, која вчера поднесе оставка.

Атал е и првиот премиер на Франција кој е хомосексулец.



Слични Објави