Започнува кулинарскиот фестивал „Уникатно Банско“
Вечерва на плоштадот во Банско почнува петтото издание на кулинарскиoт фестивал „Уникатно Банско“ што го организираат Здружението на угостители во Банско и Сојузот на туристичкиот бизнис. Утре специјална гостинка на фестивалот ќе биде министерката за туризам на Бугарија Зарица Динкова, јавува БНР.
Традиционалната вечера на првиот ден од празникот на гостите на Банско ќе им ги понуди локалните специјалитети, подготвени по автентични рецепти на локалните готвачи. На централниот плоштад децата ќе се претстават со игри од старите времиња и претставата „Готварии“ според зборникот на браќата Молерови.
Во недела, 3 септември мајстори ковачи од Банско ќе демонстрираат преработка на железо, а членовите на читалиштето „Никола Вапцаров“ ќе претстават колекција на народни носии за празници и работни денови.
Организаторите на кулинарската гозба ќе понудат палета на ароми, музика, бои и автентичност. Настанот е дел од културниот календар на Банско, а амбицијата е градот да се етаблира како кулинарска дестинација.