Д. ЃОРЃИЕВ: АКО СЕ ИНСИСТИРА НА ДОГОВОР ЗА ИДЕНТИТЕТОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ПРЕГОВОРИТЕ ЌЕ ПРОПАДНАТ

//

По најавите од претседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Aнгел Димитров дека ќе побара вонреден состанок до крајот на август, историчарот Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели во изјава за ТВ24. дека такво нешто не прифаќа.

Според него, ако се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.

Ѓорѓиев истакна дека редовниот работен состанок на мешовитата комисија ќе се одржи на 12 и 13 септември.





Претходна статија

МИЦКОСКИ НУДИ ДАТУМИ ЗА ИЗБОРИ, АМА МОЛЧИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ

Следна статија

ПОЖАР ВО ЖИТО МЕЛ КУМАНОВО

Најново од Вести