Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, како одмаздничка и нападна кон ВМРО-ДПМНЕ, но сепак истакна дека оптимист и дека очекува да се постигне договор за идниот статус на СЈО.
И покрај тоа што самиот Мицкоски додаде дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик, тој одби да каже каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за промената на изборниот модел.
Мицкоски рече дека част поскоро ги очекува предвремените парламентарни избори и додаде дека од неговата партија веќе понудиле два датуми, или на почетокот на април, до крајот на мај.