ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК
Франција се соочува со блокада откако милиони работници во образованието, транспортниот систем, полицијата, правосудството и болничкиот персонал вчера стапија во генерален штрајк, протестирајќи поради најавените пензиски реформи.
Штрајкот ќе биде најголем во изминатите неколку години и се очекува да предизвика големи проблеми во секојдневниот живот на француските граѓани.
Претставниците на синдикатот во Франција соопштија дека нема да го прекинат штрајкот сè додека претседателот Емануел Макрон не поднесе оставка од најавената реформа на пензискиот систем.
„Ќе штрајкуваме најмалку уште една недела, а на крајот од неделава останува на владата да се повлече“, рече еден од претставниците на синдикатот, пренесува „Ројтерс“.
Како што се наведува, исходот зависи од тоа кој прв ќе попушти – синдикатите кои ризикуваат да ја загубат јавната поддршка ако прекинот во сообраќајот потрае, или претседателот, чиј мандат досега го обележаа низа социјални немири.
