Францускиот министер за здравство поднесе оставка поради контроверзен закон
Францускиот министер за здравство, Орелиен Русо, потврди дека поднел оставка од оваа функција, а денеска не присуствуваше на состанокот на Советот на министрите на Франција.
Како што пренесува „Фигаро“, Русо се одлучил на тој потег во знак на протест што Франција го усвои контроверзниот закон за миграција, со што воведе поостри мерки против мигрантите, вклучително и намалување на социјалните бенефиции.
Острите мерки против мигрантите предизвикаа незадоволство и кај некои левичарски пратеници од Преродбата, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон.