ФРЧКОСКА: НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЈАНЕВА, НО ТАА Е РЕВОЛТИРАНА
Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“ за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради како што вели, сите работи кои и се случуваат, јавува Макфакс.
Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно.
„Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои и се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот“, рече Фрчкоска.

