ФРЧКОСКА: НЕМАВ МОЖНОСТ ДА РАЗГОВАРАМ СО ЈАНЕВА ЗА НЕЈЗИНАТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА
Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска изјави дека Јанева ќе даде исказ за случајот Рекет откако лично ќе изврши увид во доказите.
Фрчкоска додава дека денеска не им било дадено решението за завршена истрага и дека тоа ќе им биде доставено утре. Според неа на Јанева и е оневозможено да даде исказ пред завршување на истрагата.
Адвокатката кажа уште дека немала можност да разговара со Јанева за нејзината здравствена состојба за т.н. црн фонд во СЈО.