| |

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ЈАНЕВА- ЈА ВРАТИЈА ВО „ШУТКА“

Помалку од еден час траеше распитот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет”.

Јанева која е третоосомничена за „Рекет”, околу пладне со полициско возило и придружба беше донесена во Обвинителството, а по распитот повторно е вратена во КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор.

На 20 август годинава таа беше сослушана во својство на сведок, за следниот ден да биде приведена од нејзиниот дом во Скопје, а Јавното обвинителство за огранизиран криминал и корупција да информира дека ја проширува истрагата за случајот и за Јанева како третоосмничена да побара 30 дневен притвор.



Слични Објави