| |

Г-7 со поддршка за Украина и заеднички став против „агресијата“ на Русија

Министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 изразија целосна поддршка за Украина во борбата нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Ова се вели во изјавата на канадското Министерство за надворешни работи објавена на социјалната мрежа Твитер. “Министерот за надворешни работи на Канада Кристија  Фриланд и нејзините колеги од Г-7 ја потврдија заедничката позиција по прашањето за поддршката на Украина и редоследот заснован врз меѓународните норми, според кои суверенитетот и територијалниот интегритет на една земја мора да се почитува од сите земји во светот “, се вели во соопштението.
Во Торонто се одржува средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Групата на седумте најразвиени економии во светот. Според соопштението на канадското МНР меѓу главните теми се Русија, Северна Кореја, Мјанмар, Венецуела, Иран. Телевизија CTV соопшти дека на покана на Фриланд во Торонто пристигна и министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин кој учествувал во бројни сесии на министерската средба. Тој зборувал за тоа дека Кремљ ја користи Украина како игралиште за хибридна војна против Западот. Според “Радио Слободна Европа” на средбата воопшто било прифатено сите земји во организацијата да се спротивстави на “обидите на Русија да ја дестабилизира светот”. Тоа сепак не значи дека дипломатските врски и канали со Москва ќе бидат искинати и затворени. “Ако Русија сака да биде сметана за Голема сила, нека работи со нас”, е пораката од средбата.



Слични Објави