| |

Габриел: Бугарската железна црква „Св. Стефан“ е симбол на патриотизмот и единството

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел вчера ја посети бугарската железна црква „Св. Стефан“ во Истанбул, заедно со министерот за култура Крстјо Крстев, соопштија од МНР, пренесува БГНЕС.

Оваа година се навршуваат 125 години од осветувањето на храмот. Вицепремиерката истакна дека црквата е симбол на бугарското национално единство, обединување, светлина и иднина. Габриел им оддаде длабока почит на Бугарите патриоти, кои го сочувале бугарското културно-историско наследство и изрази надеж, дека тоа ќе биде зачувано за идните генерации. Литургијата со која беа отворени празнувањата по повод годишнината, ја водеa митрополитот Силивриски Максим и архимандрит Харалампиј Ничев.

Врв на програмата беше отворањето на изложбата „Железната црква Св. Стефан“ и бугарското сеќавање на Цариградските Бугари“. „Изложбата собира парчиња историја“, нагласи Марија Габриел. На изложбата е претставена и улогата на духовните водачи на бугарскиот народ Иларион Макариополски, егзархот Антим I, егзархот Јосиф I – основачи на независната бугарска црква.

„Со верба можеме да го зачуваме културно-историското наследство, да поминеме низ искушенија и да бидеме подобри“, рече Габриел. Во црквата се сместени зачуваните делови од иконостасот и тронскиот камен на Дрвениот храм, како и елементи од Железната црква од пред нејзината последна реставрација.

Вицепремиерката се сретна и со одборот на доверители на Фондацијата на православните цркви на Бугарската егзархија во градот Истанбул и на Фондацијата на Бугарската православна црква „Св. Георги“ во градот Одрин.

Марија Габриел ги поздрави напорите на Одборот на доверители за зачувувањето на бугарското културно и историско наследство во Турција. „Може да сметате на поддршката од бугарската држава“, рече вицепремиерката.

Зачувувајќи ги светилиштата на нашата историја, зачувувајќи го нашето културно и духовно наследство, можеме заедно да изградиме иднина за следните генерации“, рече Марија Габриел.

Фото: БГНЕС

Слични Објави