(Галерија) Бугарска делегација беше во прва посета на Конгресот на Охајо
Целта на посетата на бугарската делегациja во конгресот на Охајо е презентирањето на историјата и достигнувањата на бугарската емиграција во оваа американска држава. Ова на социјалната мрежа Facebook го објави генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.
Во рамките на посетата се одржани состаноци со претседателот на Претставничкиот дом Џејсон Стивенс, лидерката на демократите Алисон Русо, во канцеларијата на претседателот на Сенатот Мет Хафман, како и со лидерите на демократите Ники Џ. Антонио и со сенаторот Херсел Ф.
„Одржавме исклучително плодна средба со Лидија Михалик, од администрацијата на гувернерот Мајк ДеВајн, со која постигнавме договори за меѓусебна соработка на полето на економските и културните прашања. Делегацијата што ја предводев беше во состав Џорџ Адамс, претседател на фестивалот МакГахан, отец Владимир Бакрјиев од црквата Свети Тома, Диди Патриџ, претседател на Бугарското здружение во Синсинати, Надја Танова од бугарско неделно училиште Родољубие и Грег Чачов, претседател на МПО-„Свобода““, пишува Станков.
„Меѓу значајните личности на заедничката историја на Бугарија и државата Охајо се американскиот воен дописник Јануариус Макгахан, научникот Виден Табаков од Универзитетот во Синсинати, чии научни достигнувања помогнаа да се испрати првиот човек на Месечината, македонските Бугари браќата Кираџиеви, кои ја создадоа една од 20-те најпознати јадења во Америка „Синсинати чили сос“, како и претставниците на нашата денешна емиграција со нивните културни организации и училиште“, стои во објавата на Станков.